За мене
За мене
д-р Наце Стојанов
Роден сум во Велес на 21 јануари 1964 г. На студиите по применета физика дипломирав во 1990 г. Завршив постдипломски студии по квантна и статистичка физика,а магистрирав на тема “Структурни промени во систем од еднодимензионална магнетна решетка и неутрални честици со спин1/2“ во 1995 г. Докторската дисертација на тема “Каналирање на релати­ви­стички протони во закривен кристал на силициум“ ја одбранив во 2003 г.

На Институтот за физика за стручен соработник сум избран во 1991 г., а за помлад асистент во 1994 г. За асистент на Институтот за физика  сум избран во 1997 г., а звањето доцент го добив во 2004 г. Во 2009 година бев избран за вонреден професор а од 2013 година сум редовен професор на Институтот за физика.

Во изминатиот период изведував лабораториски вежби по предметите: општа физика за фармација, хемија, информатика, рендгено­логија, земјодел­ски и шумарски науки; како и физика 1 со практикум за двопредметните студии по математика-физика и компјутерска физика за студиите по физика.
Изведував и нумерички вежби по предметите: статистичка физика, теориска механика и физика 1 со практикум.
Како наставник сум изведувал настава по предметите: статистичка физика, компјутерски практикум за физичари и двопредметната група математика-физика.Од учебната 2008/09 изведувам настава по предметот Информатика во образованието на Педагошкиот факултет во Скопје.

Главно подрачје на научната работа ми е компјутерската симулација на каналирањето на релативи­стички протони во закривени кристали, а имам работено и во областа на статистичките и квантномеханичките истражувања на еднодимензионални магнетни системи. Во изминатиот период имам објавено 16 научни трудови од кои 7 во меѓународни списанија, а другите се печатени во домашни и во странски списанија и во зборници на научни трудови. Со свои прилози (постери или усни презентации) сум учествувал на 14 конференции од кои 8 се странски.

Во периодот од 2004-2007 година бев раководител на Заводот за теориска физика при Институтот за физика, а од 2007-2009 година бев Шеф на Институтот за физика при ПМФ.

Активен член сум во Македонското астрономското друштво од неговото основање.